Општи Услови и одредби


ОПШТИ УСЛОВИ И ОДРЕДБИ

1. ПРЕДМЕТ НА УСЛОВИТЕ И ОДРЕДБИТЕ

(1) Општите Услови и одредби (во продолжение наречени „Услови и одредби“) ги регулираат активностите (продажбата, испораките итн.) на компанијата TKK д.о.о. (во продолжение наречена „Добавувач“) со Клиентите. За сите дополненија и измени на Условите и одредбите, особено отстапувањата од Условите и одредбите од страна на клиентот, ќе биде потребна писмена согласност на Добавувачот. Кога врши нарачка, клиентот ќе ги прифати овие Услови и одредби, коишто ќе бидат правно обврзувачки за Клиентот.

(2) Ако една или повеќе одредби на овие Услови и одредби се целосно или делумно неважечки, тоа нема да влијае врз важноста на останатите Услови и одредби. [E1] Во овој случај, неважечката одредба ќе биде заменета со одредба што најмногу одговара на економската цел на неважечката одредба. Во случај на двосмисленост на поединечни одредби, тие ќе се толкуваат што е можно поблиску до економската цел на двосмислената одредба.

(3) Овие Услови и одредби ќе се применуваат и за сите идни активности и деловни односи со Клиентот.

2. ПОНУДА И НАРАЧКА

(1) Понудите не се обврзувачки во однос на цената, количината, испораката и времето на испорака, освен ако не се изречно означени како обврзувачки. Добавувачот мора писмено да му ја потврди нарачката на Клиентот, во спротивно се смета дека договорот не е склучен.

(2) Информациите од каталозите, проспектите и слично, како и вербалните или писмените изјави на Добавувачот се обврзувачки само ако тоа е изречно наведено или споменато во потврдата на нарачката.

(3) Доколку потврдата на нарачката се разликува од нарачката, ќе се смета дека Клиентот ги прифатил таквите разлики ако Клиентот не се спротивстави веднаш на нив.

(4) Кога се јавуваат занемарливи отстапувања од понудата при испораката на стоката од страна на Добавувачот, испораката ќе продолжи да биде важечка.[E2] 

(5) Очигледни грешки во понудите, потврдите или фактурите може да се коригираат во секое време без одобрение на Клиентот.

(6) Добавувачот ќе биде исклучиво застапуван од овластено лице/орган. Изјавите и објавите извршени од вработените во Добавувачот нема да бидат обврзувачки без писмено одобрение на овластено лице/орган на Добавувачот.

Сите договорни измени стапуваат во сила само со писмена потврда од овластено лице/орган на Добавувачот.

(7) Доколку потврдата за нарачката не е издадена, ќе се смета дека договорот е склучен со испораката на нарачаната стока од страна на Добавувачот.

3. ЦЕНИ

(1) Продажна цена е цената што важи на денот на нарачката или онаа наведена во понудата. Сите цени наведени од Добавувачот се без ДДВ, освен ако не е поинаку изречно наведено. Доколку не е поинаку договорено, цената не вклучува трошоци за испорака и транспорт и осигурување; овие трошоци ќе се наплаќаат посебно.

(2) Ако трошоците за работна снага или други производствени трошоци, како што се на пример трошоците за суровини, енергија, транспорт, финансирање и слично, се зголемуваат во периодот помеѓу потврдувањето на нарачката и денот на испорака и не спаѓаат во областа на влијание на Добавувачот (колективен договор, плата), Добавувачот има право да ја прилагоди соодветно продажната цена, а овие цени ќе важат за сите наредни испораки. Што се однесува до следните испораки или услуги, Добавувачот има право да ги приспособи цените како што е наведено погоре.

(3) Основата за пресметување на цената ќе биде тежина во килограми, број на парчиња или волумен во литри што се утврдени во моментот на испораката.

(4) Освен ако е поинаку договорено, Добавувачот го задржува правото да наплати трошоци за испорака за нарачки со нето вредност помала од 500 евра.

4. ИСПОРАКА

(1) Испораката се врши „франко фабрика“, освен ако е договорено поинаку.

(2) Ако Добавувачот врши превоз за своја сметка, ќе има право на надомест на сите транспортни трошоци.

(3) Датумите на испорака наведени од Добавувачот општо земено нема да бидат обврзувачки. Датумите на испорака може да се одредат само кога ќе се утврдат сите детали за испорака, особено местото и транспортот. Добавувачот може да ги промени датумите на испорака како што е соодветно. Одредбите за датумите на испорака нема да претставуваат суштинска компонента на заедничкиот договор помеѓу Клиентот и Добавувачот.

(4) Во случај Добавувачот да доцни со испораката, Клиентот може да го откаже договорот само врз основа на писмена порака, односно по истекот на последователно договорениот рок за правилно извршување на договорот.

(5) Во случај на неочекувани пречки во испораката на стоки (штрајкови, прекини во работата на погонот, прекин на снабдувањето со суровини, недостаток на суровини, мерки на државни органи, сообраќајни метежи и сл., или во случај на виша сила), Добавувачот има право да го продолжи соодветно времето на испорака или да се повлече целосно или делумно од испораката без никаква одговорност за штети.

(6) Доколку Клиентот не ја прифати набавената количина во договорениот рок, Добавувачот има право на паушален надомест. Добавувачот нема да го изгуби правото да поднесе последователни барања за отштета. Во случај на доцнење од страна на Клиентот, ризикот од случајно оштетување или уништување на стоката ќе премине на Клиентот од денот кога стоката е достапна за прифаќање.

(7) Во случај на задоцнето плаќање од страна на Клиентот, Добавувачот има право да ја прекине понатамошната испорака на стоката. Сите фактури на Клиентот што сè уште не се платени ќе доспеат за итно плаќање без писмено известување од Добавувачот.

(8) Количината на испорачаната стоката може да отстапува од нарачаната количина.

Во случај на отстапување поврзано со количината, Клиентот нема право да се повлече од договорот или да бара надомест од Добавувачот.

(9) Добавувачот го задржува правото да изврши измени во палетата на производи, како и да испорача минимално модифицирана стока (според каталогот што важи во тоа време) без да го извести Клиентот.

5. ПРЕНОС НА РИЗИК

Ако Клиентот го организира транспортот лично или преку превозник, ризикот ќе се пренесе на Клиентот според паритетот „франко фабрика“ (Меѓународни комерцијални правила 2010 г.).

6. УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ

(1) Во случај кога е договорено плаќањето да се изврши врз основа на издадена фактура, Клиентот мора да ја подмири својата одговорност според договорот до договорениот рок за плаќање. Готовинските попусти важат само во случај на писмен договор помеѓу Клиентот и Добавувачот. Сите договорени попусти ќе станат неважечки без писмено известување од Добавувачот во случај Клиентот да не ја плати неговата доспеана обврска.

(2) Ако Клиентот задоцни со плаќањето, ќе му биде наплатена законска затезна камата. Покрај предвидената затезна камата, Добавувачот има право на надомест на сите дополнителни можни штети.

(3) Во случај на оправдани сомневања за способноста на Клиентот да плати, Добавувачот може да се повлече од потврдените нарачки и веќе склучените договори за испораки без отказен рок, земајќи ги предвид сите авансни плаќања. Сите обврски што не се платени од страна на Клиентот ќе доспеат за итно плаќање.

(4) Ако не е поинаку договорено, сите плаќања ќе бидат во евра.

(5) Неовластени лица вработени кај Добавувачот ќе имаат право да прифатат купопродажна обврска само врз основа на изречно овластување од овластено лице на Добавувачот.

7. ГАРАНЦИЈА ЗА ДЕФЕКТИ

(1) Во случај на приговор за квалитетот на испорачаната стока, Клиентот е должен да поднесе писмена жалба до Добавувачот во рок од 8 дена од испораката на стоката во која ќе ги наведе идентификациските податоци на предметната стока и причините. за жалбата. Добавувачот не презема одговорност за дефекти што произлегуваат од непрофесионално користење на стоката и за стоки со истечен рок.

Во случаи кога дејствијата на Клиентот се спротивни на горенаведените одредби, сите барања за гаранција или барања за надомест на штета ќе се исклучат. Клиентот мора да докаже дека дефектот постоел во моментот на испораката.

(2) Клиентот мора да прати примероци од неисправна стока преку известување на сопствен трошок и ризик.

(3) Нематеријалните дефекти (како што се мали разлики во бојата, мали дефекти што исчезнуваат по одредено време или можат со многу мал напор да бидат поправени од страна на Клиентот заедно со Добавувачот) нема да му дадат право на Клиентот да бара отштета од Добавувачот.

(4) Стоките на Добавувачот се произведуваат како што е наведено во нарачката или спецификацијата на производот. Секој производ мора да ги содржи упатствата за употреба на Добавувачот. Во случај да не се почитуваат упатствата за употреба, Добавувачот нема да одговара за штетата. Добавувачот не презема никаква одговорност или гаранција за употреба што не е специфична за одреден производ.

(5) Гаранцијата за испорачаната стока е исклучена како што се и сите барања за штети на Клиентот доколку стоката не може да се прегледа (на пр., поради понатамошна обработка).

(6) Ако дефектот на стоката е резултат на дејства на трето лице, Клиентот нема право да бара штета од Добавувачот, туку од лицето или субјектот којшто го предизвикал дефектот.

(7) Освен во случаи кога Клиентот има законско право да се откаже од договорот, Добавувачот во овие случаи има право да ја поправи, да ја замени стоката или да ја намали цената на стоката.

(8) Добавувачот нема да дава гаранција за дефекти што му се припишуваат на купувачот.

8. БАРАЊА ЗА ШТЕТА

(1) Во рамките на законските одредби сите барања за отштета против Добавувачот ќе се ограничат на свесна небрежност и злонамерно однесување. Товарот на докажување е на купувачот.

(2) Во рамките на законските одредби сите барања за надомест на штета ќе се ограничат на разумно предвидлива штета, поточно до вредноста на стоката.

(3) Клиентот мора да ја прегледа стоката во однос на нејзината намена. Добавувачот нема да биде одговорен за недоволна проверка.

(4) Во рамките на законските одредби Добавувачот нема да одговара за отштета за каква било повреда на правата на трети лица. 

9. ОДГОВОРОНОСТ ЗА ПРОИЗВОДИ

(1) Точката 9 ќе се применува само во оние случаи кога се применуваат посебни закони за одговорност за потрошувачки производи.

(2) Во рамките на законските одредби, сите барања за отштета од страна на Клиентите, како и од трети страни, што се засноваат на законски утврдена одговорност за производите, ќе бидат необврзувачки за Добавувачот, освен ако барателот докаже дека дефектот беше направен од Добавувачот и беше предизвикана од крајна небрежност.

(3) Без оглед на одредбата од точка 9.2, во точка 8 е предвидена одговорност за штети доколку се врши деловна активност помеѓу правни лица.

(4) Во случај Клиентот да ја продаде стоката на трети лица, тој се обврзува да ја исклучи одговорноста за штетата предизвикана од Добавувачот.

Ако Клиентот не го стори тоа, тој ќе биде одговорен за целата штета што може да му се предизвика на Добавувачот како резултат.

10. ЗАБРАНА ЗА ПРЕБИВАЊЕ И ОДЛОЖУВАЊЕ НА ПЛАЌАЊАТА

(1) Пренесувањето на побарувањата на Клиентот кон Добавувачот на трети лица е забрането без изречна писмена согласност на Добавувачот.

(2) Без изречна согласност на Добавувачот, не е можно пребивање од трети лица.

(3) Правните побарувања на Клиентите не им даваат право да го задржат плаќањето на целосниот купопродажен надомест, туку само соодветен пропорционален дел од него. Другите плаќања мора да се извршат веднаш.

11. ЗАДРЖУВАЊЕ НА СОПСТВЕНОСТ

(1) Продадената стока останува сопственост на Добавувачот дури и откако стоката била предадена во сопственост на Клиентот, имено, до моментот кога Клиентот ќе го плати целосно купопродажниот надомест.

(2) Клиентот има право да ја користи стоката во нормалниот делокруг на деловното работење, но не може да ја заложи стоката или да ја дава како обезбедување. Извршувањата од други доверители веднаш ќе се пријават кај Добавувачот. Клиентот е должен да му ги открие на Добавувачот имињата и адресите на купувачите, како и целата залихи и износот на побарувањата што произлегуваат од препродажбата.

Во рамките на законските одредби, Добавувачот може да ги поврати сите побарувања од Клиентот што произлегуваат од неплаќање на стоки од должниците на Клиентот. Клиентот е должен да ги информира своите сегашни и потенцијални купувачи за горенаведените одредби.

(3) Клиентот (примателот, ликвидатор) мора да му дозволи на Добавувачот пристап до неговите стоки и производи произведени со стоката во секој случај на задоцнето плаќање, а особено во случај на стечај. Дополнително, Клиентот мора да му ги открие сите сметководствени книги на Добавувачот и да му ги даде сите потребни информации важни за исклучувањето на побарувањата на Добавувачот од стечајната маса.

(4) Формулите и примероците во секој случај остануваат сопственост на Добавувачот, дури и ако се направени на трошок на Клиентот.

12. ПАКУВАЊЕ

(1) Во цената на стоката се вклучува и цената на амбалажата, освен додатоците во контејнери каде што се наплаќа контејнерот. Истата сума ќе му се кредитира на Клиентот кога ќе се врати контејнерот.

(2) Отстранувањето на празните контејнери го организира TKK на свој трошок при следната испорака или подоцна. За намените на отстранување на празни пластични барабани и друга празна амбалажа, TKK д.о.о. е вклучена во системот за собирање на отпад од пакување.

13. ЗАШТИТА НА ПОДАТОЦИ

(1) Клиентот изречно се согласува дека поднесувањето нарачка може да значи дека личните податоци може да се складираат со обработка на податоци и да се пренесат до поврзаните компании со цел да се заврши нарачката.

(2) Клиентот се обврзува да ги чува како деловна тајна сите информации што произлегуваат од деловната врска, договорната документација и сите други информации во врска со меѓусебната соработка за целото времетраење на договорниот однос и најмалку 5 години по неговото раскинување. Како деловна тајна особено ќе се смета: ценовникот, комерцијалните и другите продажни услови и одредби, условите и одредбите за промоција и рекламирање, фактури, формулари за нарачки, писма, записници, договорни документи и сите други податоци во материјализиран или нематеријализиран облик. Страната што ја прекршила заштитата на деловната тајна ќе биде одговорна за штетата предизвикана на Добавувачот за сета материјална и нематеријална штета.

14. АНТИКОРУПЦИСКА КЛАУЗУЛА

(1) Со ова, договорните страни изречно се обврзуваат да се воздржат од какви било дејства што би покажале знаци на нечесно однесување, при извршувањето на трансакциите според овој договор.[E3] 

(2) Договорните страни понатаму се обврзуваат да не даваат, ветуваат или прифаќаат каков било подарок или плаќање во пари или каков било друг вреден предмет, директно или индиректно, меѓусебно, преку кој било службеник или друг вработен на една од договорните страни или друга компанија (услуга, оддел, агенција) или кое било лице со намера да поткупи, да наведе вработен или друг вработен или клиент да ја злоупотреби својата положба, за да добие, задржи или да насочи деловна дејност кај клиентот или кај кој било од неговите помошници за изведба, претставници, дистрибутери, подружници или друга компанија за интеграција.) Ако дејството споменато во претходниот став се изврши или се направи обид да се изврши, веќе склучениот или важечкиот договор ќе се поништи; но, доколку договорот сè уште е неважечки ќе се смета дека не е склучен.

15. ОГРАНИЧУВАЊЕ НА СНАБДУВАЊЕ

Добавувачот мора да се усогласи со меѓународните правни санкции и прописи издадени во ЕУ, САД и Обединетите нации. Клиентот ја признава и потврдува обврската и потврдува дека нема да ги користи производите купени од Добавувачот во врска со санкционирани субјекти или санкционирани земји.

16. МЕСТО НА ИЗВРШУВАЊЕ, МЕСТО НА НАДЛЕЖНОСТ И ВАЖЕЧКИ ЗАКОН

(1) Место на извршување за испорака и плаќање е седиштето на Добавувачот.

(2) Окружниот суд во Нова Горица е надлежен за решавање на сите спорови што произлегуваат од овој договор.

Овие Општи одредби и услови ќе се применуваат од 1 јануари 2023 година.

 

TKK д.о.о.
Српеница 1, 5224 Српеница, Словенија

Телефон: +386 (0)5 38 41 300
E-пошта: info@tkk-group.com

Регистрација во Регистарот на претпријатија: Окружен суд на Нова Горица, Бр. на рег. апликација: 10029800

 

ЗА НАС

Компанија: TKK д.о.о.
Регистрирано седиште: Српеница 1, 5224 Српеница, Словенија
Рег. број: 5043123000
Даночен број: SI49428969
Број на апликација: 10029800, Регистар на претпријатија, Окружен суд на Нова Горица
Акционерски капитал: 1 059 042,73 евра

Телефон: +386 (0)5 38 41 300 
E-пошта: info@tkk-group.com

 

ПРАВНО ИЗВЕСТУВАЊЕ

На интернет-страницата презентираме општи информации за компанијата TKK д.о.о. и нејзините поврзани компании, нејзината работа и производи. 

Прочитајте во внимателно ова известување, бидејќи се однесува на сите кои ја посетуваат оваа интернет-страница. Кога ја користите интернет-страницата http://www.tkk-group.com/, корисникот потврдува дека ги прифатил Условите и одредбите пишани тука и дека се согласува со нив.

Правни информации

Сите права се задржани. Ова известување се однесува на почетната страница и сите потстраници на интернет-страницата http://www.tkk-group.com/. Сите информации и материјали (пишувани или сликани) на интернет-страницата http://www.tkk-group.com/ се заштитени со авторски и сродни права и/или права на индустриска сопственост, чиј сопственик е TKK д.о.о. И/или поврзаните компании. 

Корисникот може да ја користи содржината на интернет-страницата http://www.tkk-group.com/ исклучиво за своја лична, т.е. некомерцијална употреба. Секој друг облик на користење на содржината на интернет-страницата http://www.tkk-group.com/, особено за комерцијални цели, е забранета.

Ограничување на употребата на информации и материјали

Сите информации и материјали (пишувани или сликани) објавени на интернет-страницата http://www.tkk-group.com/ може да се репродуцираат само за некомерцијални цели, при што сите известувања за авторски и сродни права и/или за правата на индустриска сопственост мора да се заштитат. Овие информации и материјали не смеат да се копираат, репродуцираат или на друг начин да се шират за комерцијални цели без изречна писмена дозвола од TKK д.о.о. и/или нејзините поврзани компании.

Логото на TKK д.о.о. мора да се користи на секоја репродукција или копија на содржината од оваа интернет-локација во согласност со правилата на корпоративниот графички дизајн - Сите права се задржани. 

Исто така, интернет-страницата http://www.tkk-group.com/ содржи информации за трети лица и врски до интернет-локации на трети страни, при што TKK д.о.о. нема да биде одговорна за нивната содржина и не дава никакви гаранции во тој поглед. Одговорноста на TKK д.о.о. за посетувањето и користењето на поврзани интернет-страници ќе бидат целосно исклучена.

Ова правно известување може да биде изменето од TKK д.о.о. во секое време и ќе биде обврзувачка за корисниците во обликот во којшто важи во секое релевантно време, па затоа, се препорачува корисниците да се запознаат со неговата содржина секојпат кога ќе ја посетат интернет-страницата http://www.tkk-group.com/. 

Користењето на интернет-страницата http://www.tkk-group.com/ спротивно на правилата наведени тука е забрането. Корисникот што ја користи интернет-страницата http://www.tkk-group.com/ во спротивност со правилата наведени тука е целосно одговорен за своите постапки.

Одрекување од одговорност

Сите информации и материјали на интернет-страницата http://www.tkk-group.com/ се дадени само за информативни цели. Компанијата TKK д.о.о. се труди податоците на интернет-страницата http://www.tkk-group.com/ да бидат точни, ажурирани и целосни, но не може да ја гарантира нивната точност и целосност и не презема никаква одговорност во овој поглед.

Корисниците ја користат интернет-страницата http://www.tkk-group.com/ и содржината објавена на оваа страница со сопствен ризик. Ниту TKK д.о.о. ниту кое било правно или физичко лице кое учествувало во создавањето и производството на интернет-страницата или сè уште учествува во надградбите е одговорно за каква било штета што произлегува од пристапот, употребата или неможноста да се користат информациите на овие интернет-страници или за какви било грешки или пропусти во нивната содржина.

Компанијата TKK д.о.о. нема да биде одговорна за каква било штета (вклучувајќи ја и онаа предизвикана од вируси) што може да ја предизвика корисникот на компјутерска опрема, мобилен телефон или кој било друг уред и/или апликација што може да се користи за пристап до оваа интернет-страница како резултат на посетувањето на интернет-страницата http://www.tkk-group.com/ или какво било нејзино користење. Компанијата TKK д.о.о. Нема да биде одговорна ни за кој било друг вид на штета што може да произлезе од користењето или неможноста да се користи интернет-страницата http://www.tkk-group.com/. 

Компанијата TKK д.о.о. го задржува правото да ја измени содржината на интернет-страницата http://www.tkk-group.com/ во секое време, на кој било начин и од која било причина и без претходна најава, и не презема никаква одговорност за какви било последици од таквите промени.


 [E1]"ne vpliva na veljavnost drugih določb pogojev"..."the validity of the other provisions of the Terms and Conditions" – prosimo, preverite.

 [E2]Prevedli smo, kot da dobava ostane veljavna? Če ostane veljavna ponudba, zamenjajte z "the offer shall remain valid"

 [E3]po tej pogodbi---verjetno gre za kopiran člen iz neke pogodbe, tukaj gre za splošne pogoje poslovanja; treba je spremeniti

Twitter icon Facebook icon LinkedIn icon

Ви треба помош? Тука сме да ви помогнеме.

Контактирајте со нас
Image of happy people
 
TKK DIY

  • TKK EXPERT

 

Здраво!

Пријави се

Ја заборавивте лозинката? Ресетирајте ја лозинката тука

Сѐ уште немате сметка?

Создадете сметка Right pointing arrow