Трикови за „Направи сам“
Освежете го вашиот дом со едноставни TKK решенија
Есента е време кога природата ги менува боите и кога почнуваме да чувствуваме потреба да ги освежиме и да ги подготвиме просториите за живеење за зимата. Не зборуваме за големи реновирања, туку за оние помали, но важни поправки што можат значително да ги подобрат удобноста и изгледот на вашиот дом.

Со помош на квалитетните производи на TKK, можете брзо и ефикасно да ги поправите проблемите како што се лошо затворени прагови на прозорците, пукнатините во малтерот или проблеми со влагата. Следниве се неколку решенија што погодни и за почетници и за оние со поголемо искуство во поправки на домови. Со само неколку едноставни чекори ќе можете за кратко време да создадете поудобен, функционален и естетски совршен простор и на тој начин да го решите вашиот проблем.
Собирање на вода на влезната врата или прозорецот
Неправилното заптивање на влезната врата со цементна смеса што се вбризгува наместо еластично заптивно средство може да предизвика непријатности, како што е собирање на вода при обилни дождови, што пак доведува до оштетување на внатрешниот малтер. Со квалитетното заптивно средство TKK SEAL Flexible joints wall можете лесно да ги спречите овие проблеми и да го продолжите животниот век на вашите влезни врати и прозорци.
Правилното запечатување не само што влијае на естетскиот изглед, туку и на енергетската ефикасност на вашиот дом. Со соодветно запечатување можете да ја намалите загубата на топлина и да ги намалите трошоците за греење.

Капење вода зад мијалникот
Во кујната и купатилото споевите помеѓу керамичкиот мијалник и плочките се изложени на влага, па затоа е важно правилно да се запечатат. TKK SEAL Classic silicone обезбедува ефикасна и долготрајна заштита од навлегување на вода и формирање мувла.
Редовното користење на силиконско заптивно средство ги одржува споевите свежи, спречува непријатни мириси и така го зголемува хигиенскиот стандард на просториите во вашиот дом. Исто така, обезбедува долг работен век на површините и спречува евентуално оштетување поради влага.
Црни споеви во купатилото
Влажните есенски месеци често ја забрзуваат појавата на мувла во купатилата, создавајќи проблеми во многу домаќинства. Мувлата е штетна за здравјето и мора да се отстрани што е можно поскоро. За да се спречи ширењето на црна мувла, важно е редовно да се проверуваат и санираат споевите во купатилото (помеѓу кадата и плочките, помеѓу тушот и плочките). Производите TKK SEAL All purpose silicone extra и Tekasil Color нудат сигурна заштита од влага и ги одржуваат просториите склони кон влага долгорочно свежи.
Со користење на заптивното средство Tekasil Color, достапни во широк спектар на нијанси на бои, можете да ги наполните споевите во тонот на бојата на вашето купатило.

Оштетени и црни споеви во влажни простории
Во простории каде што има висока влажност, споевите се особено изложени. Во санитарните области, како што се купатила и големи кујни, препорачуваме да користите заптивни средства со адитиви кои спречуваат формирање на мувла. TKK SEAL Flexible seal & bond е одличен избор за запечатување на критични точки како што се споевите на подовите со плочки со одводни сливници и линии на инсталација. Ова хибридно заптивно средство содржи и додаток против мувла и на тој начин обезбедува долготрајна заштита во најтешки услови.
Пукнатини на фасада
Заради влијанието на времето и стареењето на фасадите, на надворешните малтери често се појавуваат пукнатини, што може да влијае на естетскиот изглед и функционалноста на објектот. TKK SEAL Facade & wall repair е одлично решение за брза рехабилитација и естетски третман, бидејќи содржи крупни честички кои го имитираат изгледот на фасадата. Соединението може да се пребојадиса, така што совршено се вклопува со постоечкиот малтер, па така, вашата фасада повторно ќе изгледа како нова. Во случај на поголеми оштетувања, препорачуваме потемелно санирање со користење на неутралното, хибридно заптивно средство TKK SEAL Flexible joints wall.

Заптивање на прозорските прагови
Кога поставувате прозорски прагови на фасади од тули и бетон, важно е правилно да се запечати преминот помеѓу прозорскиот праг и фасадата. Преминот помеѓу прозорскиот праг и фасадата мора да биде запечатен така што ќе спречи навлегување вода и со тоа можно оштетување. Со користење на TKK PU FIX FAST FIXING ADHESIVE или хибридната заптивна смеса TKK SEAL Flexible joints wall, ќе можете да обезбедите стабилно прицврстување кое ќе издржи температурни промени, механички оптоварувања и долг работен век. Хибридната заптивна смеса TKK SEAL Flexible joints wall може да се употребува и на веќе поставени прозорски прагови.
Поправање на разнишани дрвени скали
Ако вашите дрвени скали се нишаат или крцкаат, тие може да се поправат брзо и лесно со нанесување на квалитетни лепила TKK. Лепилата TKK FIX 12 и TKK PU FIX FAST FIXING ADHESIVE обезбедуваат силна и трајна врска што го спречува понатамошното разместување на скалите и обезбедува безбедност при употреба. Правилното прицврстување не само што го продолжува работниот век на скалите, туку ја подобрува и нивната стабилност и естетски изглед.

Пополнување на празни простори околу цевките
Отворените дупки околу цевките или длабоките вдлабнатини може да бидат извор на провев и загуба на топлина. Со користење на полиуретански пени од линијата TKK PU FOAM, брзо и лесно ќе ги наполните овие отвори и во исто време ќе обезбедите добра изолација. TKK PU FOAM TOP FOAM е идеално решение за полнење помали отвори, додека TKK PU FOAM INTERIOR DOOR EXPERT 2K е погодна за подлабоки вдлабнатини и ѕидна изолација помеѓу вратите. Предноста на пената TKK PU FOAM INTERIOR DOOR EXPERT 2K е што целиот волумен, без разлика на длабочината, ќе се стврдне за 45 минути, без оглед на влажноста во воздухот.
Правилното полнење на овие точки е од клучно значење за енергетската ефикасност на вашиот дом и за да се спречи кондензација на површината.
Без оглед на тоа дали сакате да ја подобрите функционалноста на вашиот дом или едноставно да го подмладите неговиот изглед, производите на TKK се ваши сигурни помошници во секојдневните поправки. Тие ќе ви помогнат лесно да постигнете професионални резултати и да го продолжите животниот век на вашиот дом.
Не одложувајте, пробајте ги и трансформирајте го вашиот дом со минимален труд! Квалитетни производи, лесно користење и сигурни резултати - сето ова ви овозможува да го трансформирате вашиот дом во простор што уживате да го користите и во кој се чувствувате добро. Направете мали подобрувања денес и создадете попријатна средина за живеење за вас и за вашите најблиски!