Трикови за „Направи сам“
Подготовка на надворешниот простор за топлата сезона
Како што деновите стануваат подолги и температурите се зголемуваат, природата се буди со нов живот, па исто така, му треба внимание и на вашиот надворешен простор! Оваа сезона, пред да почнете да ги вршите првите градинарски задачи, размислете кога последен пат сте ги провериле и исчистиле градинарските алати. Кога првпат ќе ја вклучите косилката за трева или ги употребите ножиците за кастрење, на нив можеби веќе се гледаат знаци на абење, 'рѓосани шарки или заглавени механизми.

За да работите непречено и без непотребни тешкотии, соодветната заштита и подмачкувањето на алатот е од суштинско значење. Користењето на соодветните производи за тоа ќе го продолжат нивниот корисен век, а вам ќе ви ја направат работата лесна и безбедна.
Откријте ја линијата производи TKK Clean Protect, дизајнирани да ги заштита и подмачкате вашите градинарски алати, косилки, ножици и алати за кастрење и останатите додатоци за уредување на дворови.
Зошто заштитата на алатот е од суштинско значење?
Со доаѓањето на потоплите денови и бројните градинарски задачи, потребата за соодветно работење на алатите се зголемува. Без разлика дали се работи за градинарски трактор, косилка, тример на жива ограда или едноставни рачни градинарски алати, секој алат е изложен на временските услови, влагата, нечистотијата и абењето. Без соодветна грижа, проблеми како 'рѓосување, намалена ефикасност и тешкотии во работењето на механичките делови се јавуваат брзо. За да одбегнете непотребни трошоци за поправка, па дури и за замена на алатот, многу е важно да го заштитите со производи дизајнирани за долготрајна работа.
Ви требаат квалитетни средства и спрејови за подмачкување и заштита за да ги одржувате вашите алати во врвна состојба и да ги вршите задачите брзо и ефикасно. Со квалитетните средства за подмачкување и заштитните спрејови од линијата TKK Clean Protect, можете брзо и лесно да ги спречите абењето, да ги заштитите од 'рѓосување, да ја подобрите изведбата на механичките делови и да ги задржите вашите алати во совршена состојба во текот на целата сезона.
Вашиот клучен помошник - линијата производи за заштита и подмачкување TKK Clean Protect
Со производите TKK Clean Protect ќе обезбедите сеопфатна грижа за градинарски алат, косилките, тримерите, ножиците за кастрење и останатите алатки за уредување на дворот. Секој производ ги задоволува специфичните потреби на различните површини и механичките делови.
TKK Clean Protect TK 40 - повеќенаменски спреј за заштита и подмачкување
Дали некогаш сте забележале дека вратата од бараката во вашата градина тешко се затвора или дека шарките на рачните алати се заглавени? TKK Clean Protect TK 40 е совршеното решение! Повеќенаменскиот спреј за подмачкување, заштита, чистење и нега на метални површини е наменет за различни примени, од механизми на градинарски алат до метални површини изложени на влага. Има ефект на чистење, отстранува масти, нечистотии и 'рѓа, а истовремено заштитува од натамошно абење и корозија. Идеален е за подмачкување шарки, тркала, лежишта и други подвижни делови.
TKK Clean Protect Multipurpose silicone spray - заштита за електрични алати
Ако користите електрични тримери или косилки, знаете колку е важно подвижните делови да работат без да се заглавуваат. Повеќенаменскиот водоотпорен силиконски спреј ги штити механичките делови на градинарските алати. Спрејот со намалува триењето, ги подмачкува подвижните делови и заштитува од абење. Особено е отпорен на 'рѓа, па вашиот алат ќе продолжи да биде во одлична состојба дури и после подолг контакт со вода. Исто така, им дава сјај на пластиката и гумата и обезбедува подобра изведба.
TKK Clean Protect PTFE dry lubricant - супериорна заштита од триење
Средството за подмачкување на лежишта со интензивно триење е од суштинско значење за одржување на алатите со големо оптоварување (на пример, градинарски трактори, пили и поголеми косилки за трева). Сувото средство за подмачкување PTFE со долготраен ефект е одличен за делови што се долго време изложени на силно триење. Со додадениот тефлон, тоа ефикасно го намалува триењето на металните и пластичните делови и заштитува од 'рѓа и вода.
TKK Clean Protect Universal white grease - долготрајно средство за помачкување на тешко достапни делови
Чувствувате дека оските и запчениците на вашиот градинарски алат се премногу изложени и повеќе не работат глатко? Разновидната бела маст е соодветна за подмачкување на оптоварени механички делови и обезбедува подмачкување дури и во тешки услови. Ги заштитува тешко достапните делови на вашите градинарски алати, како лежиштата, оските и запчениците. Освен што заштитува од 'рѓа и влага, оваа маст обезбедува долготрајно подмачкување.
Подгответе се за пролетта со производите TKK Clean Protect
Подготовката за пролетните градинарски работи почнува со одржување на алатите. Со помошта на производите од линијата TKK Clean Protect, можете да бидете сигурни дека вашите алати се подготвени за предизвиците на топлата сезона, истовремено продолжувајќи го нивниот животен век и гарантирајќи дека секогаш ќе работат како нови.
За безгрижна работа во градината и околу куќата, не заборавајте да ги заштитите и подмачкате вашите алатки - TKK Clean Protect е вашиот сигурен партнер во подготовките за топлата сезона! ️
