Fix Expert Fast Extreme
FIX Expert

FIX Expert

FAST & EXTREME

Универзално лепило со висока почетна јачина на лепење

Професионално висококвалитетно лепило за монтажа, направено врз основа на иновативната технологија POWER-BOOST, со непосредна почетна јачина на лепење и извонредни механички својства по стврднувањето.

Достапен во различни бои:

Бела
fix expert fast extreme tube

Што клиентите велат за нас?

Testimonial Zenska
Rok
Marko
Testimonial Moski Dve
Testimonial Moski

Дефинитивно би ви препорачал да ги пробате производите TKK! Мојот сопруг и јас ги пробавме кога ја украсувавме градината и го реновиравме купатилото. Производите се одлични за лепење огледала, заптивање на разни материјали, заштита на површини и погодни се за општа и професионална употреба. Со помош на овие производи, мојот сопруг и јас станавме полупрофесионалци! :)

Elena

Лична намена

Производите TKK нудат поголем стандард на задоволство! За да го залепам моето огледало, го пробав лепакот TKK SEAL Mirror adhesive што е особено силен и издржлив. Пред да го употребам, извршив тест за прилепување и се уверив дека лепилото се врзува 100%!

Filip

Лична намена

Кога поставував нови прозорци и врати, ја пробав пената за пиштол TKK PU FOAM TOP FOAM, што ја направи работата уште побрза и поефикасна. Пената овозможува помала потрошувачка и брза замена на пакувањето, а не се стврднува при прекини на работата, што го направи крајниот резултат уште подобар од очекуваното.

Marko

Лична намена

Со производите TKK, работата навистина се движи како часовник! Кога ја градев мојата стаклена градина, го користев силиконското заптивно средство TKK SEAL Classic silicone extra за да го поставам стаклото, бидејќи се прилепува одлично на многу градежни материјали. Морам да кажам дека сум многу задоволен со двата производи и крајниот резултат.

Mihail

Професионална намена

Морам да споменам дека чистењето на куќата никогаш не било толку лесно! Најпрво ја употребив линијата на производи TKK CLEAN PROTECT за да го исчистам килимот, но сега исто така ги користам производите TKK за чистење на кујната и купатилото. Овие производи се одлични, бидејќи не оставаат никакви остатоци или траги, темелно ги отстрануваат сите флеки и добро отстрануваат масти.

Andrej

Лична намена

 

Детаљи на производ

За лепење и склопување на разни материјали, вклучувајќи и тешки материјали.

Универзалното лепило се користи за лепење и склопување на разни материјали, вклучувајќи тешки материјали, како и за еластично лепење на делови од конструкции подложни на вибрации. Може да се користи внатре и надвор. Овозможува одлично прилепување на бетон, мермер, гранит, керамика, тули, железо, челик, алуминиум, стакло, ПВЦ, полиестер, плута, лим и дрво. 

Својства 

  • Висока почетна цврстина на лепење: 320 kg/m².
  • Може да се користи внатре и надвор.
  • Овозможува одлично прилепување на бетон, мермер, гранит, керамика, тули, железо, челик, алуминиум, стакло, ПВЦ, полиестер, плута, лим и дрво (лепилото не е соодветно за полиуретан, полипропилен, политетрафлуороетилен).
  • Лесно се истиснува дури и на ниски температури.
  • Не се лизга во вертикални споеви.
  • Овозможува добро прилепување на влажни површини, освен дрво.
  • Одлични механички својства и висока крајна цврстина на лепење.
  • Постигнува водоотпорен и херметички спој.
  • Ги пригушува вибрациите.
  • Еколошко; не содржи растворувачи, изоцијанат и силикони.
  • Хемиски неутрално лепило, не ја оштетува површината.
  • Не предизвикува 'рѓосување, обезбедува антикорозивна заштита.
  • Не мириса.
  • Може да се обои; не препорачуваме премази на база на растворувачи.
  • Не го менува волуменот за време на стврднувањето; не се собира.
  • Отпорно на атмосферски влијанија, УВ-светлина и стареење.
  • Добра хемиска отпорност: вода, алифатични растворувачи, минерални масла, масти, разредени неоргански киселини и бази.
  • Слаба хемиска отпорност или неотпорност на ароматични растворувачи, концентрирани киселини и хлорирани јаглеводороди.
  • Боја: бела.

Пакување

Кертриџ од 290 ml

 
 
TKK DIY

  • TKK EXPERT

 

Здраво!

Пријави се

Ја заборавивте лозинката? Ресетирајте ја лозинката тука

Сѐ уште немате сметка?

Создадете сметка Right pointing arrow