Трикови за „Направи сам“
Есента е совршено време да се погрижите за вашиот покрив пред пристигнувањето на зимата
Кога есенските лисја почнуваат да се собираат во олуците и температурите полека паѓаат блиску до нулата, ова е јасен знак дека треба да извршите темелно испитување и потенцијални поправки на вашиот покрив. Запуштените пукнатини, блокираните или лошо запечатените олуци, лупењето на рабовите или затнатите одводи, често се проблеми што ѝ помагаат на водата да го најде својот пат и да навлезе во ѕидовите. И откако ќе навлезе во градбата, последиците стануваат многу поголеми од обична дамка на ѕидот - влагата, мувлата, оштетувањето на изолацијата, па дури и структурните оштетувања, за жал, не се невообичаени.

Не го потценувајте значењето на есенското одржување - непреземањето на никакви дејства може да ве чини скапо. За да ги избегнете непријатните последици, изберете сигурни и едноставни решенија – висококвалитетните производи на TKK се суштинска компонента за сите поправки на покриви.
Зошто превенцијата е толку важна?
Покривот е еден од најважните елементи на вашиот дом или деловен објект. Неговата улога е да ве заштити од надворешни влијанија, дожд, снег, ветер и студ. Оштетениот покрив, пукнатините околу прозорците на кровот, лошо запечатените олуци или истрошените споеви се вообичаени точки на влез на вода. Бидејќи продира длабоко во структурата, може да предизвика оштетување од вода, мувла, оштетена топлинска изолација, па дури и долготрајни структурни оштетувања.
Есента е совршеното време во годината да извршите какви било поправки: времето е релативно стабилно, материјалите добро се прилепуваат еден со друг и имате доволно време да ги подготвите вашите површини за претстојните екстремни зимски услови. Неколку едноставни проверки и соодветните решенија ќе ви помогнат да бидете сигурни дека вашиот покрив ќе биде безбеден, сув и подготвен за зима.
TKK – сигурен партнер за реновирање на покриви
Ние во TKK ние веруваме во практични, трајни и едноставни решенија. Затоа ја создадовме специјалната линија производи TKK SEAL коишто овозможуваат брзо и ефикасно реновирање на покривот, олуците и останатите изложени делови:
TKK SEAL Roof & gutter sealant
За цврсто, отпорно, долготрајно заптивање на олуци и споеви на покривот.

Ова еластично силиконско заптивно средство на неутрална основа за сите покривни и водоводни работи е погодно за:
- заптивање на олуци, цевки, вентилациски отвори, антени, лајсни на оџаци,
- лепење и заптивање на споеви на покриви, лајсни и сончеви тунели,
- употреба на метал, пластика, керамика и дрво.
Се одликува со одлична отпорност на УВ-зрачење и отпорно на стареење, атмосферски влијанија и температурни промени.
Совет од TKK: заптивното средство се употребува лесно и може да се примени и без специјално знаење.
TKK SEAL Flexible seal & bond
За трајно еластично заптивање и лепење – вклучувајќи флексибилни и внатрешни споеви.
TKK SEAL Flexible seal & bond
Оваа хибридна паста за заптивање и лепење без мирис не содржи никакви растворувачи и може да се користи и затворен и во отворен простор. Претставува одличен избор за трајно еластично заптивање и лепење во средини во кои често се јавуваат структурни или температурни промени.
Оваа врвна хибридна паста за заптивање и лепење е совршена за:
- лепење на прозорски прагови и летвички,
- монтирање и заптивање на разни елементи на фасадата или на покривот,
- заптивање на споеви во силоси, контејнери и кујни,
- реновирање на споеви во кои може да се јави мувла.
Совет од TKK: Производот може да се нанесе и на влажни површини – одлично решение за непредвидливо време!
TKK SEAL Roof repair sealant
Овозможува моментално поправање на секакви пукнатини – вклучувајќи влажни, мрсни или битуменски површини.
TKK SEAL Roof repair sealant
Вашиот комплет за прва помош за какво било оштетување на кровот – брзодејствувачко безбојно еластично заптивно средство што може да се нанесе на влажни површини или дури и кога врне. Заптивното средство има и својства за спречување на појавата на мувла и може да се обои штом ќе се исуши.
Ова е специјално заптивно средство за:
- брзо санирање на пукнатини и оштетувања на покривни облоги,
- заптивање на површини околу светларници и светлечки куполи, рабови на покриви, сончеви тунели и елементи направени од бетон и тула,
- употреба на асфалт, битумен, метал, бетон и тула.
Совет од TKK: Производот е совршено решение за брза реакција кога не можете да чекате времето да се подобри.
Како да почнете?
- Испитајте ја состојбата на вашиот покрив и олуците - најдете ги оштетувањата, пукнатините или знаците на оштетување од вода и корозија.
- Исчистете ги површините - отстранете ги нечистотијата, лисјата, прашината и маснотиите.
- Изберете го соодветниот производ од линијата TKK SEAL во зависност од материјалот и видот на оштетување.
- Прецизно нанесете го лепилото или заптивното средство - следете ги упатствата. Примената е едноставна и не е потребно посебно знаење.
- Почекајте заптивното средство да се исуши според упатствата за употреба - површината обично е сува на допир по само неколку часа.
- Штом површината ќе се исуши, можете да ја обоите за да постигнете совршена завршна обработка.
Не чекајте да падне првиот снег. Преземете соодветни мерки сега.
Бидејќи природата има свој распоред, најверојатно зимата нема да ве чека. Ако сакате да бидете сигурни дека вашиот дом ќе остане безбеден, сув и топол, не двоумете се. Користете ги производите на TKK за брзо и едноставно поправање на покривните површини без оглед на временските услови, и бидете сигурни дека вашиот покрив ќе издржи дури и на најсуровите временски услови.
Подгответе го вашиот покрив за зимата – нема ништо полесно!
