Трикови за „Направи сам“
Совршено заптивање? Користите пиштол? Многу е поедноставно отколку што мислите!
Порано или подоцна во секое домаќинство доаѓа момент кога нешто треба брзо да се запечати – околу чешмата во купатилото, кадата или туш кабината, на прозорецот или на терасата. Иако некои можеби мислат дека ова е работа што може да ја заврши само професионалец, овој напис ќе ве убеди дека тоа не е така. Ако ги користите соодветните производи и точните упатства, можете да го завршите и вашиот следен проект за заптивање како професионалец.

Зошто ви треба пиштол со касета?
Кога станува збор за запечатување, речиси секогаш ја споменуваме касетата, т.е. пакувањето што го содржи заптивното средство (вклучувајќи ги и силиконите) што ни се потребни за заптивање. За прецизно и ефикасно нанесување на таков заптивен материјал, ви треба пиштол со касета (рачен или пневматски). Иако овој пиштол може да изгледа како алатка што може да ја користат само професионалци, неговото користење всушност е многу едноставно. Со само неколку трикови резултатот ќе стане уште поубав и поистраен.
Подготовката на вистинскиот прибор и правилната подготовка на површината е од клучно значење
За да ги запечатите споевите, најпрво мора да го изберете вистинското заптивно средство (или силикон) според намената на вашиот проект, како и соодветните материјали и услови за запечатување (материјали што ќе се запечатат, внатрешна или надворешна употреба). Иако главната задача на заптивните средства е запечатување на градежните материјали, секое заптивно средство има свои специфични својства за кои мора однапред да бидете свесни за да избегнете грешки.
TKK SEAL All purpose silicone extra е пример за висококвалитетно, еластично, неутрално силиконско заптивно средство за сите површини.
Дополнително ќе ви треба пиштолот со касета TKK SEAL handheld / pneumatic gun.
Пред да продолжите со запечатувањето, проверете дали површината е соодветна за примена на тоа средство во согласност со упатствата за употреба наведени на пакувањето. Пред сè, површината мора да биде чиста, цврста и на неа да нема остатоци од стар силикон. Ако треба, исчистете ја со средството за чистење TKK SEAL Active cleaner, стругалка и крпа.
Откако ќе ја исчистите површината, заштитете ги рабовите на спојот во кој треба да се нанесе заптивното средство. За заштита можете да користите самолеплива лента за боење што ќе ја заштити површината и ќе обезбеди убав и прав раб. Исто така, препорачуваме да имате при рака TKK SEAL Smoothing tool и TKK SEAL Smoothing agent.
Како да ја подготвите касетата?
- За правилно користење на касетата, најпрво исечете го горниот дел од касетата до навојот. Внимавајте да не исечете премногу голем дел, бидејќи врвот може да падне од касетата за време на примената.
- Потоа исечете го косо врвот и завртете го на касетата.

Едноставно и ефикасно користење на пиштолот
- Земете го пиштолот и турнете ја рачката назад со притискање на металната рачка.
- Ова прави простор за касетата што сега можете да ја вметнете во пиштолот.
- Потоа, завртете ја рачката нагоре за да ја зацврстите и да создадете притисок.
- Вашиот алат е подготвен: со бавно притискање на чкрапалото, сега можете да започнете рамномерно да го нанесувате заптивното средство.
- Штом ќе завршите, ослободете ја рачката и отстранете ја касетата од пиштолот.


Мазнење и завршна обработка
Измазнете го заптивното средство веднаш по нанесувањето со TKK SEAL Smoothing tool за целосно да го пополните просторот што го запечатувате. Навлажнете ги заптивното средство и алатката за измазнување со TKK SEAL Smoothing agent што спречува лепење и овозможува мазно нанесување. Отстранете ја веднаш заштитната лента, пред да почне да се суши заптивното средство.

И покрај тоа што првиот пат можеби нема совршено да го примените средството, треба да ја повторувате постапката за да научите! Со секој нов проект, ќе го користите пиштолот сè посигурно. Важно е да изберете висококвалитетни материјали и да не брзате. Нашите заптивни средства се дизајнирани да обезбедат лесно користење и долготраен ефект без оглед на површината - во купатилото, во кујната, околу прозорците или надвор, на терасата.
Внесувањето на касетата во пиштолот и користењето на самиот пиштол е многу поедноставно отколку што звучи. И ако користите производи на TKK, дефинитивно ќе постигнете одлични резултати.