Трикови за „Направи сам“

Осум чекори за правилно заптивање на дилатациони спојници

Главната функција на заптивните средства е да ги заптиваат градежните елементи за да можат да издржат сили на истегнување, притисок и смолкнување. Сепак, дури и најквалитетното заптивно средство не може да ги исполни сите барања ако изведувачот не бил обучен како правилно да ја запечати спојницата.

Осум чекори за правилно заптивање на дилатациони спојници

Секое заптивно средство има специфични својства и треба да се познаваат границите за да се избегне неуспешна примена или прекумерно оптоварување.

Кога одлучуваме кое заптивно средство, треба да знаеме дали се прилепува на материјалот што сакаме да го запечатиме, кои се барањата во однос на еластичноста, цврстината на истегнување, отпорноста на температурата, дали е во соодветна боја или може да се обои. На крај, се разбира, важна е и цената.

Ако се следи правилото од 8 чекори, спојниците ќе се запечатат и нема да пропуштаат вода.

Најпрво треба да провериме дека ги имаме сите материјали што ни требаат за правилно извршување на работата:

Материјал Производ TKK
Соодветно трајно еластично заптивно средство TKK SEAL FLEXIBLE JOINTS WALL
Пиштол за примена, рачен или пневматски TKK SEAL HANDHELD или PNEUMATIC GUN
Самолеплива заштитна лента
Основа, ако е потребна TKK SEAL SILICONE & HYBRID PRIMER
Самолеплива заптивна лента со соодветни димензии TKK SEAL BACKFILLING TAPE
Алат за рамнење TKK SEAL SMOTHING TOOL
Средство за рамнење TKK SEAL SMOOTHING AGENT
Нож за отворање на боцата
Средство и хартија за чистење TKK Clean Protect ACTIVE CLEANER
Безбедносни ракавици

Чекор 1

Површината на спојот мора да биде цврста, чиста и да нема прав и маснотии. Некои заптивни средства треба да се применат на сува површина. Отстранете ги сите ситни или слабо врзани компоненти. 

Чекор 2

Внесете самолеплива заптивна лента со соодветен дијаметар во спојот за да ги постигнете оптималните еластични својства на заптивното средство. Самолепливата заптивна лента овозможува заптивното средство за да залепи само на страницата на спојот и да го димензионира правилно. Дијаметарот на самолепливата заптивна лента мора да биде еднаква или поголема од спојот. Треба да се внесе на соодветна длабочина со тап предмет за да се избегне оштетување на ќелиите. Ова има како резултат правилно димензиониран спој.

tkk eight steps on how to properly seal an expansion joint2

Правилно димензиониран спој се прави во следниот сооднос:
ширина на спој: длабочина на спој = 2 : 1 , максимално 1: 1.

Минималната ширина на спојот е 6 мм, а максималната 20 мм.

tkk correct dimensioning of joints si

Чекор 3

Доколку сакате уредно изработени споеви, залепете ги рабовите на споевите со самолеплива заштитна лента. За подобро прилепување на порозни подлоги, препорачуваме да користите основа. Мора да се почитуваат упатствата во техничкиот лист.

tkk eight steps on how to properly seal an expansion joint3

Чекор 4

Исечете ја боцата на горниот дел на навојот. Внимавајте да не исечете голем дел од навојот. Зашрафете врв кој е сечен дијагонално на ширината на спојот, малку помал од ширината на спојот.
Вметнете ја боцата во рачен или пневматски пиштол. 

tkk eight steps on how to properly seal an expansion joint4

Чекор 5

Применете го заптивното средство што е можно порамномерно. Кога ја прекинувате работата или ја заменувате боцата, олабавете ја рачката на рачниот пиштол и повлечете го клипот назад.

tkk eight steps on how to properly seal an expansion joint5

Чекор 6

Навлажнете го заптивното средство и алатот за мазнење TKK SEAL SMOOTHING TOOL со средството за мазнење TKK SEAL SMOOTHING AGENT. Исправете го и отстранете го вишокот заптивна смеса пред да се исуши. Многу е важно да ги притиснете добро заптивното средство на површината што треба да се запечати. Со мазнење се подобрува прилепувањето на заптивното средство на површината за 50 %.

tkk eight steps on how to properly seal an expansion joint6
tkk eight steps on how to properly seal an expansion joint7

Чекор 7

Веднаш отстранете ја заштитната лента пред заптивното средство да почне да се стврднува. Ако масата се оддалечила од работ на спојот, таа сепак може да се измазни.

tkk eight steps on how to properly seal an expansion joint8

Чекор 8

Свежото соединение и алатот се чистат со TKK Clean Protect ACTIVE CLEANER, а стврднатата маса може да се отстрани само механички.

За да ви ја олесниме пресметката на потрошувачката на заптивното средство според ширината и длабочината на спојот, ја подготвивме табелата подолу:

широчина на спојот х длабочина на спојот (мм)
линеарни метри запечатени со една боца од 300 мл (м)
линеарни метри запечатени со една боца од 600 мл (м)
6 x 6
7,7
15,4
8 x 8
4,3
8,6
10 x 10
2,8
5,6
15 x 10
1,8
3,6
20 x 10
1,4
2,8

Пример за соодветен избор наеластично заптивно средство TKK за дилатациони споеви со димензии од 6 мм до 20 мм:

Фасадни споеви
Заптивно средство: TKK SEAL FLEXIBLE JOINTS WALL,
primer TKK SEAL SILICONE & HYBRID PRIMER,
соодветни димензии TKK SEAL BACKFILLING TAPE.

Наполнети подни споеви
Заптивно средство: TKK SEAL FLEXIBLE SEAL & BOND,
primer TKK SEAL SILICONE & HYBRID PRIMER,
соодветни димензии TKK SEAL BACKFILLING TAPE.

Тераси, балкони
Заптивно средство TKK SEAL FLEXIBLE SEAL & BOND или TKK SEAL ALL PURPOSE SILICONE EXTRA,
primer TKK SEAL SILICONE & HYBRID PRIMER,
соодветни димензииTKK SEAL BACKFILLING TAPE.

Twitter icon Facebook icon LinkedIn icon

Објави

Сите објави
 
TKK DIY

  • TKK EXPERT

 

Здраво!

Пријави се

Ја заборавивте лозинката? Ресетирајте ја лозинката тука

Сѐ уште немате сметка?

Создадете сметка Right pointing arrow